Кривичен суд

В петок продолжува судењето за двојното убиство, се очекува како сведок да се појави Гоце Трајковски

04.02.2025 11:51

Процесот е во доказна постапка – на последното рочиште се презентираа снимки од видеокамери за движењето на возилата кои биле вклучени во киднапирањето на Вања, но и фотографија од безживотното тело на Жежовски, кој беше пронајден мртов на 3 декември 2023 година.

Во Кривичниот суд во Скопје, в петок ќе продолжи судењето на обвинетите за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Се очекува како сведок да се појави Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања трагал по девојчето и собирал снимки од околните објекти. Тој кон крајот на јануари самиот се пријави во полиција, откако по него беше распишана потерница за друг случај.

Процесот е во доказна постапка – на последното рочиште се презентираа снимки од видеокамери за движењето на возилата кои биле вклучени во киднапирањето на Вања, но и фотографија од безживотното тело на Жежовски, кој беше пронајден мртов на 3 декември 2023 година.

Државниот обвинител Коцевски вели дека исказите на обвинетите се совпаднале со доказите.