Стабилно време со студени утра и во наредните денови
За утре најавено е да дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен северен ветер. На места, температурата ќе биде и минус седум степени Целзиусови. Се очекува максималната температура да достигне 12 степени Целзиусови во Гевгелија.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
За утре најавено е да дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен северен ветер. На места, температурата ќе биде и минус седум степени Целзиусови. Се очекува максималната температура да достигне 12 степени Целзиусови во Гевгелија.
За во Скопје најавена е минимална температура од минус три степени Целзиусови. Максималната се очекува да достигне до 10 степени Целзиусови.
Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, најавуваат синоптичарите.
