Листерија: Колбасите и меленото месо се безбедни

01.08.2014 14:12

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, типот листерија пронајдена во храната воопшто не соодветствува со онаа кај заболените лица...

Kолбасите и меленото месо не се причина за појава на бакетријата листерија кај луѓето. Изворот допрва ќе се утврдува.
 
Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, типот листерија пронајдена во храната воопшто не соодветствува со онаа кај заболените лица, ниту количински е застапена над дозволеното ниво пропишано со Правилникот и европските стандарди. 
 
Листерија има, но во минимални количини, под 10 колонии на грам што е далеку под дозволеното ниво од 100 колонии на грам во рамки на рокот на траење на производот, рече директорот на АХВ Дејан Рунтевски на прес-конференција.
 
Останува препораката колбасите и меленото месо термички добро да се обработуваат.
 
Според Рунтевски, во тек е земањето примероци од храната во прометот со цел утврдување евентуално присуство на листерија и во увезените производи.