Ништо значајно на релација Скопје-Софија
Премиерот Мицкоски вели, подготвени сме за дијалог, но не по секоја цена. Прв што не го испочитува Договорот за добрососедство е бугарската влада од 2019-та која наместо поддршка, ни стави вето...

Ништо значајно не се случува на релација Скопје-Софија и по формирањето политичка влада во Бугарија. Премиерот Мицкоски вели, подготвени сме за дијалог, но не по секоја цена. Прв што не го испочитува Договорот за добрососедство е бугарската влада од 2019-та која наместо поддршка, ни стави вето.
И додека Мицкоски вели оти наследил катастрофална преговарачка рамка, опозиционерот Филипче смета дека владата предводена од неговата партија направила сè што е потребно, од потпис на Преспанскиот договор до Францускиот предлог.
Додека партиите се со различни позиции, министерот Муртезани на средби во Брисел бара поддршка за евроинтеграцијата.
Миле А. Ристески
