Повеќе пари за превентивните програми, најавија надлежните
Во земјава се одбележува 4-ти февруари – Светскиот ден за борба против ракот. По голготата низ којашто минуваат изминативе години, пациентите бараат редовна и современа терапија, како и повеќе пари за превентивните програми....

Пациенти реагираа до директорот на Фондот за здравство – во Македонија лековите се поскапи отколку во Косово. Лек за карцином на дојка таму чинел 1.500 евра, во Македонија 2.650, во Турција 1.100. Прашањето е коректно вели директорот, но тој лек не е регистриран во Европа и не може легално да се продава.
Онколошките пациенти се надеваат дека последен пат зборуваат за недостиг на терапија.
На онкологија речиси комплетарина терапијата.
Надлежните најавија повеќе пари за онкологија и хематологија. За онкологија за 64% повеќе, за хематологија, за 55%.
Наташа Јанчиќ- Менковски
