ШВЕДСКА

Пукање во едукативен центар за возрасни во Шведска, има загинати

04.02.2025 17:40

Најмалку пет лица се застрелани во образовен центар за возрасни, Ригбергска во Еребро, Шведска.

Најмалку пет лица се застрелани во образовен центар за возрасни, Ригбергска во Еребро, Шведска. Според полицијата, станува збор за сериозен насилен криминал, по којшто сторителот извршил самоубиство, објави Шведската новинска агенција. Властите потврдија дека при интервенцијата, немало повредени полицајци.

Издадена е наредба луѓето од центарот и околината да не излегуваат надвор. Студентите од центарот се префрлени од училиштата во места оддалечени од инцидентот. Сè уште нема официјален број на повредени.

„Владата го следи развојот на настаните и е во постојан контакт со полицијата. Полицијата е на местото, сите потребни операции потполно се извршуваат“, изјави Матс Персон, министер за вработување и интеграција на Шведска.