Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023-ти година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022-та година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари...

Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20-ти ноември минатата година.
Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023-ти година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022-та година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари (околу 10 милиони евра).
Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.
