САД

Средба Трамп-Нетанјаху

05.02.2025 08:30

Израелскиот премиер Нетанјаху е првиот странски лидер во посета на САД во стартот на вториот мандат на претседателот Трамп...

Средба Трамп-Нетанјаху во Белата Куќа. Американскиот претседател предложи трајно преселување на Палестинците од Газа во соседните земји.

Истакна дека сака САД да ја преземат енклавата и да ја обноват, а местото да стане дом на луѓето од светот. Израелскиот премиер рече дека Трамп размислува оригинално, со свежи идеи и дека покажува подготвеност да го пробие конвенционалното размислување.

Од Хамас веднаш ја отфрлија идејата и потенцираа дека ваквите планови се рецепт за хаос.

„Единствената причина зошто Палестинците сакаат да се вратат во Газа е затоа што немаат друга алтернатива. САД ќе го преземат Појасот Газа, а ние ќе работиме и со него. Ние ќе го поседуваме и ќе бидеме одговорни за демонтирање на сите опасни неексплодирани бомби и друго оружје на локацијата“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

„Израел ќе ја заврши војната со победа. Победата на Израел ќе биде победа на Америка. Ние не само што ќе ја добиеме војната работејќи заедно, ќе го добиеме и мирот. Со вашето водство, господине претседателе, и нашето партнерство, верувам дека ќе создадеме блескава иднина за нашиот регион и ќе го доведеме нашиот голем сојуз до уште поголеми височини“Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Израелскиот премиер Нетанјаху е првиот странски лидер во посета на САД во стартот на вториот мандат на претседателот Трамп.