Зеленски со услов за преговори со Путин
Од друга страна, Москва порачува дека ООН мора силно да одговорат на нападот од вооружените сили на Украина на автобус со деца во областа Запорожје...

Украинската армија објави дека воздухопловните сили го нападнале командното место на Русија во областа Курск. Од друга страна, Москва порачува дека ООН мора силно да одговорат на нападот од вооружените сили на Украина на автобус со деца во областа Запорожје.
На дипломатски план, претседателот Зеленски изјави дека неговиот тим почнал суштински разговори со новата американска администрација. „Ако седењето спроти Путин на преговарачката маса е единствениот начин да се донесе мир, ние дефинитивно ќе се согласиме на тоа, но на преговарачка маса мора да бидат ЕУ, САД, Украина и Русија“, истакна украинскиот претседател.
