САНТОРИНИ
Поради земјотреси масовно напуштање на Санторини
05.02.2025 08:41
Сеизмолозите проценуваат дека интензивната сеизмичка активност може да трае денови или дури недели...

Околу 11.000 луѓе го напуштиле Санторини со траекти и авиони за да се засолнат на безбедно. Во последните неколку дена на популарниот туристички остров се регистрирани стотици земјотреси на секои неколку минути. Властите решија да ги затворат училиштата до петок.
Сеизмолозите проценуваат дека интензивната сеизмичка активност може да трае денови или дури недели.
Некои сеизмолошки теории тврдат дека земјотресите се предизвикани од подигнување на нивото на лавата од длабочината кон земјината површина и дека постои можност за создавање на многу силен потрес или нов вулкан.
