Свет
Абас во мај ќе ја посети Москва
05.02.2025 19:25
Палестинскиот претседател Махмуд Абас потврди дека на 9 мај ќе присуствува на прославата на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна во Москва, јавија руските медиуми...

Палестинскиот претседател Махмуд Абас потврди дека на 9 мај ќе присуствува на прославата на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна во Москва, јавија руските медиуми.
Во декември, Кремљ соопшти дека поканил „многу земји“ да присуствуваат на 80-годишнината од крајот на војната во Москва.
Сè уште не е познато колку странски лидери ќе присуствуваат на одбележувањето на годишнината, што ќе се одржи повеќе од три години откако Русија ја нападна Украина.
