Евроинтеграции

Муртезани во Брисел на средба со Кос

05.02.2025 08:55

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Според најавите, на средбата Муртезани-Кос ќе се разговара за напредокот на Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ, за Реформската агенда во рамки на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, како и за следните чекори во преговарачкиот процес на земјава.

Покрај со Кос, Муртезани ќе се сретне и со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке, со генералниот директор на Генерален директорат за проширување и источно соседство (ДГ ЕНЕСТ), Герт Јан Копман, како и со членови на Работната група за проширување и земји кои преговараат за пристапување во ЕУ.