Енергетика

Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина

05.02.2025 09:06

Министерката Божиновска заедно со нејзините колеги од Грција и Кипар, Теодорос Скилакакис и Јоргос Папанастасиу ќе дискутираат на панел посветен на „Енергетската голема игра: Геополитика и глобалниот пазар на енергија“.

Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Министерката Божиновска заедно со нејзините колеги од Грција и Кипар, Теодорос Скилакакис и Јоргос Папанастасиу ќе дискутираат на панел посветен на „Енергетската голема игра: Геополитика и глобалниот пазар на енергија“.

Енергетскиот самит во Атина кој се одржува по 14-ти пат, традиционално обединува водечки функционери и претставници на енергетската индустрија, обезбедувајќи можност за стратешки дијалог за иднината на енергијата во поширокиот регион.