ЕБОР лани инвестирала 151 милиони евра во 13 проекти во земјава
Во 2024 година, ЕБОР инвестираше 151 милиони евра во земјата. Инвестицијата во зелени проекти е 70 милиони евра, со поддршка на енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија и напори за декарбонизација...

Во 2024 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше 151 милиони евра, во 13 проекти во Македонија кои помагаат во моделирање на економскиот и одржливиот раст на земјата.
70 милиони евра се инвестирани за зелени проекти кои се квалификуваат за финансирање, кои ја поддржуваат енергетската ефикасност, обновливата енергија, и напорите за декарбонизација. Овие инвестиции ја одразуваат посветеноста на Банката за зајакнување на транзицијата за позелена и поотпорна и инклузивна економија.
Во 2024 година, ЕБОР го поддржа економскиот и одржливиот развој на земјата, преку неколку проекти кои имаат значајно влијание.
Највпечатливите проекти вклучуваат поддршка од 98,6 милиони евра на НОМАГАС, за изградба на гасоводната интерконекција со Грција, и два регионални гасоводи, овозможувајќи различни извори на природен гас и насоченост кон безбедност на снабдувањето, намалување на загадувањето на воздухот и емисии на стакленички гасови, преку овозможување на преминување кон почисти горива и забрзување на активностите кои водат кон престанок на користење на јаглен. 24,6 милиони евра беа одобрени на МЕПСО, за зајакнување на мрежата за пренос на електрична енергија во југо-источниот регион на земјата, и овозможување на поврзување на 1,170 MW нови обновливи извори на енергија.
Поддршката беше обезбедена преку директно финансирање на локалниот трговец на мало КАМ, преку кредитирање од страна на Банката во износ до 6 милиони евра, за инвестиции во проширување на мрежата и надградба на магацинот-логистичкиот центар, со цел да бидат енергетски поефикасни, но и за поддршка на други оперативни подобрувања. Долгогодишниот клиент на Банката, Макпрогрес беше поддржан преку Програмата за споделување на ризик, преку Шпаркасе банка, во износ од 2 милиони евра, за поддршка на растот на компанијата и за подобрување на поддршката на мулти-дисциплинарниот образовен центар, кој на пазарот на труд обезбедува признати сертификати и акредитирани можности за обука во регионот, каде истото не е достапно.
Банката има поддржано над 1,000 претприемачи, преку различни иницијативи на промоција, како што се настани, конференции и дигитални активности, истовремено пружајќи обука за МСП за набавка во верижниот менаџмент и вештачката интелигенција.
За време на 2024 година, Банката се ангажираше во имплементација на активности финансирани од ЕУ-Програма за структурна реформа – Приоритети за конкурентна политика за Западен Балкан, кои се насочени кон развој и кои имплементираат сеопфатна програма за зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор на Западен Балкан, а со тоа и на поддршката на имплементацијата на Економскиот и инвестицискиот план на Европската Унија, за Западен Балкан.
ЕБОР има инвестирано 1,6 милијарди евра во регионот на Западен Балкан, а има мобилизирано дополнителни 500 милиони евра од други инвеститори, во 116 проекти. Рекордни 62 проценти од вкупните инвестиции беа инвестирани во зелени проекти, и поддршка на енергетската ефикасност, обновлива енергија, и напори за декарбонизација, а 50 проценти од вкупниот број на проекти беше со компонента на родова еднаквост.
До денес, во Македонија, ЕБОР има инвестирано 2,9 милијарди евра во 197 проекти.
