Македонија

МВР со голема полициска акција внатре во своите редови

05.02.2025 11:38

Станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила. Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР...

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Во тек се претреси во зградата на Министерството.

Станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила. Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.

Од МВР ја потврдија информацијата и посочија дека акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност.

„Ве информираме дека од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР“-велат од Министерството.

Истовремено се вршат и претреси во повеќе автосервиси кои претходно со години ги сервисирале возилата.