Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“
Во јануарскиот број на руското списание „Иностранаја литература“, во кое се објавуваат најзначајните дела од современата светска литература во превод на руски преведувачи е објавена поезија за деца од македонски писатели...

Во јануарскиот број на руското списание „Иностранаја литература“, во кое се објавуваат најзначајните дела од современата светска литература во превод на руски преведувачи е објавена поезија за деца од македонските писатели Бошко Смакоски, Васил Пујовски, Волче Наумчески, Васил Куноски, Цане Андреевски, Киро Донев и Панде Манојлов.
Преводот на песните на руски го направи Олга Панкина која во воведот пишува за историјата на македонската книжевност за деца – кога се појавила и како се развивала низ времето, посочувајќи дека, за жал, таа не му е доволно позната на рускиот читател.
Во списанието „Иностранаја литература“, македонските автори кои пишуваат за деца се претставуваат за прв пат, а како што пишува Панкина, ова запознавање планира да продолжи во најскоро време.
Фото: Олга Панкина
