свет
Иран вели дека американскиот „максимален притисок“ ќе пропадне како и во првиот мандат на Трамп
05.02.2025 17:49
Меѓу другото, американскиот претседател изјави дека им наредил на своите советници да го уништат Иран во случај на атентат врз него...

Шефот на иранското МНР вели дека повторното наметнување на политиката на „максимален притисок“ врз Иран од страна на американскиот претседател Трамп ќе заврши со неуспех како во неговиот прв мандат. Реакцијата следува откако вчера, Трамп потпиша наредба со која се враќа политиката на „максимален притисок“ поради наводите дека Иран развива нуклеарно оружје.
Меѓу другото, американскиот претседател изјави дека им наредил на своите советници да го уништат Иран во случај на атентат врз него.
