МВР

Претрес кај ексдиректорот на СОЗР, Мирчевски

05.02.2025 11:46

Во домот на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски и врши претрес барајќи докази за сомневањата дека во периодот од 2021 година како директор на владината служба вршел злоупотреби во делот на јавните набавки...

Финансиската полиција влезе во домот на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски и врши претрес барајќи докази за сомневањата дека во периодот од 2021 година како директор на владината служба вршел злоупотреби во делот на јавните набавки.

Претресот е во координирана акција на Управата за финансиска полиција и Обвинителството.

Пеце Мирчески беше директор на Службата за општи и заеднички работи во периодот од јуни 2017 до јуни 2024 година. Тој имаше и партиска функција како претседавач на Централниот одбор на СДСМ.