Грција
Нов земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди Санторини
05.02.2025 12:01
Епицентарот на земјотресот повторно бил во близина на селото Оја, на 25 километри североисточно...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 35 минути во областа Санторини.
Епицентарот на земјотресот повторно бил во близина на селото Оја, на 25 километри североисточно. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 14 километри под површината на земјата.
Ова подрачје од утрово е погодено од најмалку 30 земјотреси посилни од 3 степени според Рихтеровата скала, додека од утринава ова е трет земјотрес со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала.
