АСЈО

Доделени уверенија на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација

05.02.2025 12:46

Доделени уверенија на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Новите судии очекуваат да ја вратат довербата во судството...

Новите судии очекуваат да ја вратат довербата кај населението во судството. Велат научиле многу во Академијата и ќе го спроведат на дело.

И првиот човек на Судскиот совет се надева дека овојпат новите судии и обвинители нема да бараат место за работа само во Скопје.

Неизвесно е што ќе стане со генерацијата која за време на избори требаше да станат судии и обвинители.

За враќање на довербата во судството предложени се повеќе иницијативи, меѓу кои Владата смета дека е потребно распуштањето на Судскиот и Советот на обвинители.

 

Ирина Гелевска