Казни за две струмички фирми поради непочитување на Законот за управување со отпад
Четири дена по протестот на струмичани за чист воздух, паднаа првите казни. Две струмички фирми добија казни од по 9.000 илјади евра оти користеле отпад за затоплување. Градоначалникот Костадинов за решавање на проблемот со аерозагадувањето побара соработка и со државните инспектори и судот...

Две фирми од Струмица добија прекршочни платни налози од по 9 илјади евра додека нивните управители по 500. Тие или ќе ги платат во рок од 8 дена на половина или имаат право на жалба кај судот. Казни имало и претходно вели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов. Тој соопшти дека во последната контрола фирмите се огрешиле пред Законите за управување со отпад и животна средина
Градоначалникот на Струмица смета дека за проблемот со аерозагадувањето треба координирана соработка меѓу сите инспекциски служби оти граѓаните не знаат кои се надлежностите на локално или централно ниво.
Освен казнетите, во Струмица три фирми добија решение за вградување филтри со кои ќе се намали, негативното влијание врз квалитетот на амбиенталниот воздух додека една фирма доби задолжување да изработи елаборат за животна средина.
Струмичани во саботата протестираа по улиците во градот. На локалните и државните власти им испорачаа повеќе барања како што се зачестени инспекциски контроли, а фирмите кои испуштаат емисии во воздухот да вградат филтри.
Ване Трајков
