Тргнува првиот воз од Скопје до Куманово, најавени нови линии
Од денеска тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Фокус на железницата е таканаречениот зелен транспорт. Се планираат и нови линии…

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски денеска информира дека тргнува првиот воз од Скопје за Куманово – во 16 часот и 30 минути. Патувањето ќе трае 41 минута и ќе оперира два пати дневно – во 6:30 наутро ќе тргнува од Куманово и истиот воз во 16:30 попладне ќе се враќа од Скопје.
Според Николоски, времетраењето на патувањето е релативно брзо. Како што вели, на овој начин ќе се намали и загадувањето на воздухот со користењето на овој дневен воз бидејќи ќе се намали сообраќајот.
„Македонски Железници“ во моментов има вкупно 14 локомотиви и возови низ пругите низ земјава.
Известува Марина Стојанова-Тонева
