Интервенции во минималната потрошувачка кошница
Во минималната кошница да има основни производи, а не да се бројат и луксузните, сметаат граѓаните. Но, велат дека и покрај бојкотот на маркетите цените останале високи. Од ССМ со став – ако направиме реална кошничка ќе биде многу поголема од 62.000 денари …

Минималната потрошувачка кошница на Синдикатот реално ги покажува потребите, велат од ССМ. Оттаму велат дека стојат на располагање ако државата има потреба од нивната експертиза во пресметките. Сезонското овошје влегува во кошничката и цените се анализираат во периодот кога тоа најмногу се купува.
Граѓаните се на ставот дека во минималната потрошувачка кошница треба да се пресметуваат само основните прехранбени производи. Нелогично е, велат, да има цигари и друг вид овошје кое не е сезонско – како цреши, праски, дињи или лубеница.
Од Владата рекоа дека мора да се интервенира во методологијата за пресметка на минималната потрошувачка кошничка, но и дека во нејзината подготовка треба да бидат вклучени сите засегнати страни.
Што се однесува, пак, до најавениот повторен бојкот на маркетите, ССМ го поддржува. Граѓаните негодуваат – цените се високи.
В петок, освен во Македонија, најавени бојкоти и во Бугарија, Косово, Црна Гора, Босна.
Борис Грујоски
