железници

Отворена нова железничка линија од Скопје до Куманово

05.02.2025 17:02

Тргна првиот воз од Скопје за Куманово, ќе сообраќа двапати дневно. Патувањето ќе трае 41 минута. Владата најавува враќање и на возовите до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани...

Возовите ќе оперираат два пати на ден, на трасата Скопје – Куманово-Бељаковце. Дестинацијата ќе се поминува за 41 минута.

Од октомври следната година се очекува истиот воз да оди и до Крива Паланка, кога ќе биде изградена пругата, најави министерот за транспорт и врски Николоски. Според него, годинава ќе бидат повторно воведени железничките линии кон Тетово, Гостивар, Кичево, Кочани и Штип. Николоски оцени и дека минатата година има драстична зголемување на промет на карго и патничкиот железнички сообраќај.

Директорот Кошутиќ со став дека Македонски железници полека но сигурно излегува од состојбата на загубар.

Се интензивираат преговорите за заедничката изградба на тунелот на железничката пруга од Коридорот 8 од македонска и бугарска страна. Во прашање се недели, а не на месеци, кога ќе се излезе со позитивни вести ако постои добра волја од страната на Бугарија-вели Николоски.

 

Марина Стојанова-Тонева