Уставниот суд го укина Законот за солидарен данок
Уставниот суд го укина Законот за солидарен данок. Државата ќе треба да врати 50 милиони евра на 156 компании...

Ќе враќаме близу 50 милиони евра на близу 160 компании кои со солидарниот данок беа оданочени во 2022-рата, одлучија уставните судии. Овие компании ќе можат поединечно да бараат враќање на парите во рок од пет години, изјави по седницата претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој објасни дека одлуката е поништувачка а не укинувачка од причина што со укинувањето и дали со тоа ќе беше постигната правдата спрема овие компании.
Иако нема рокови до кога државата ќе треба да им ги врати средствата на компаниите, Костадиновски е уверен дека сепак тоа ќе може да се реши со меѓусебни спорови. Данокот беше воведен како мерка за справување со економските последици од кризата во 2023-та година, за компаниите кои во 2022-ра година имале вкупен приход поголем од 615 милиони денари.
Судот го отфрли барањето на ексдиректорот на Агенцијата за разузнавање Ернолд Муслиу, бидејќи не најде дискриминација ниту по основ на пол ниту по основ на политичка припадност, а ја прифати иницијативата на пратеникот на Сали Мурати за повреда на правото на слободно изразување.
Фиљана Кока
