Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции по вториот конкурс за 2014-та година
Врз основа на член 51став 2 алинеја 11 од Статутот на ЈРП Македонска Радио Телевизија бр. 02-3717/1 од 07.06.2013 година ( пречистен текст), и член 20 став 1од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013), а во врска со објавениот втор квартален конкурс објавен на 12.04.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 01.08.2014 година ја донесе следната:
О Д Л У К А
ЗА ИЗБОР НА ИЗВЕДУВАЧИ ОДНОСНО НА НОВИ КОМПОЗИЦИИ
Член 1
Работоводниот орган на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА-Скопје,врз основа на доставениот Извештај бр.02-5159/3 од 30.07.2014 година, измена и дополнување на извештајот бр.02-5159/5 од 01.08.2014, Извештај бр.02-5159/4 од 30.07.2014 годинаи Измена и дополнување на извештајот бр.02-5159/6 од 01.08.2014 од Комисијата која одлучуваше по конкурс за подршка на домашната музичка продукција во вториот квартал од 2014 година во состав Радица Митиќ, Ристо Апостолов, Методија Автовски, Томислав Таневски, Тоде Спасовски, Никола Фириев и Благоја Здравковски,
ДОНЕСЕ Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции од вториот објавен квартален конкурс за 2014 година од 12.04.2014 година, односно избрани се следните изведувачи и прифатени се следните композиции и тоа:
Категорија „ТАЛЕНТИ“:
1. АНЕТА РИСТОВА како изведувач на композицијата „СЕ ШТО САКАМ ЈАС“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудиозапис и видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
Категорија „АФИРМИРАН ИЗВЕДУВАЧ“:
Забавна музика
1. АРИЈА БЕНД како изведувач на композицијата „СТОПИ СЕ ВО МЕНЕ“, автор на музика, текст и аранжман Ирена Стојановска, продуцент на аудиозапис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје и продуцент на видео запис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.
2. АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ како изведувач на композицијата „ДОБРО УТРО ДОБРИ ЛУЃЕ“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудиозапис и видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
3. РИНИ ДАУТИ како изведувач на композицијата „ТИ СЈЕ“, автор на музика Ибрахим Исламовски, автор на текст Рини Даути, автор на аранжманот И. Бале, продуцент на аудиозапис и видеозапис АВАНГАРДЕААЉ ДОО СКОПЈЕ;
Народна музика
1. ДУШКО ГЕОРГИЕВСКИ како изведувач на композицијата „ЛИЧНА ЕЛЕНА“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорѓи Крстевски, продуцент на аудиозапис БАГИ КОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ Скопје и продуцент на видео запис АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ Скопје;
2. АНЕТА МИЦЕВСКА како изведувач на композицијата „ДОБРЕДОЈДЕ“, автор на музика Јован Јованов, автор на текст Елвир Мекиќ, автор на аранжман Љупчо Чедомирски, ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ФЛУКС ПРОДУКЦИЈА;
3. ЏЕМАИЛ МУРТИШИ како изведувач на композицијата „ФСХИХУ МОС ГЈЕЈНЕ“, автор на музика Мендрез Лумани, автор на текст Џемаил Муртиши, автор на аранжманот Ибрахим Исламовски, продуцент на аудиозапис и видеозапис АВАНГАРДЕААЉ ДОО СКОПЈЕ;
Категорија „ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ“:
Забавна музика
1. ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА ТОЛЕВСКА како изведувач на композицијата „СЕГА И ТУКА“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудиозапис и видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
2. НАДЕ ТАЛЕВСКА како изведувач на композицијата „ЗАСЕКОГАШ“, автор на музика и аранжман Александар Масевски, автор на текст Билјана Пашариковска, продуцент на аудиозапис МАСИВ СКАЈ МЈУЗИК ДООЕЛ Скопје и продуцент на видео запис 3Д ПРОЕКТ СТУДИО ДОО Скопје;
3. ЗОРАН РУДАН ЦЕКИ како изведувач на композицијата „ЖИВОТ ВО ЧЕТИРИ ЧИНА“, автор на музика, текст и аранжман Зоран Рудан Цеки, продуцент на адиозапис и видеозапис ЦЕЛОФАН ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
4. ДЕАН ЌУРЧИЕВ како изведувач на композицијата „КРУГ НА ДОВЕРБА“, автор на музика, текст и аранжман Деан Ќурчиев, продуцент на адиозапис и видеозапис ЊУ ПЕЈЏ ПРОДАКШАН ДООЕЛ Скопје;
Народна музика
1. КАТЕРИНА БРЕЗОВА како изведувач на композицијата „ЉУБОВ КО ВО БАЈКИТЕ“, автор на музиката и аранжманот Горан Стојановски, автор на текстот Катерина Брезова, продуцент на аудиозапис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
2. АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКА како изведувач на композицијата „НЕРАСЦУТЕНА“, автор на музика и аранжман Тодор Трајчевски, автор на текст Драган Таневски, продуцент на аудиозапис и видеозапис ЦЕЛОФАН ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
Категорија „ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ“:
Забавна музика
1. ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ како изведувач на композицијата „ШТО Е ТВОЕ, ТВОЕ Е “, автор на музика и аранжман Дамјан Лазаров , автор на текст Елвир Мекиќ, продуцент на аудиозапис ПЛАН Б ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.
Народна музика
1. МИШКО КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијата „НЕ ЖАЛАМ“, автор на музика, текст и аранжман Љупчо Чедомирски, продуцент на аудиозапис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје и продуцент на видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
2. НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ како изведувач на композицијата „ТАМБУРО ЗАПЛАЧИ“, автор на музика, текст и аранжман Дарко Јовчевски, продуцент на аудиозапис ПЛАН Б ЕНТЕРТЕЈМНЕТ ДООЕЛ Скопје, продуцент на видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
Категорија „ДЕТСКИ КОМПОЗИЦИИ“:
1. АЛЕКСАНДАР КИТЕВСКИкакоавторнамузика, текст и аранжман на композицијата „ТАТКОВИНА“, продуцент на аудиозапис „ГИРЛАНДА“;
2. ЛИДИЈА АТАНАСОСКАкакоавтор на музика, текст и аранжманна композицијата „ТАТО“, продуцент на аудиозапис ИНТЕРМЕДИА ДООЕЛ Скопје;
3. ЛИДИЈА АТАНАСОСКАкакоавтор на музика, текст и аранжманна композицијата „СИТЕ ЈА ЧУВАМЕ“, продуцент на аудиозапис ИНТЕРМЕДИА ДООЕЛ Скопје;
Категорија „КОМПОЗИЦИИ СО КОИ СЕ АФИРМИРААТ СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО ОПШТЕСТВОТО ИЛИ МНОГУДЕТНИТЕ СЕМЕЈСТВА“:
1. ЕЛВИР МЕКИЌ како изведувач на композицијата „СЕМЕЈСТВО“, автор на музика и аранжман Иван Јованов, автор на текст Елвир Мекиќ, продуцент на аудиозапис ПЛАН Б ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје, продуцент на видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
2. ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА ТОЛЕВСКА како изведувач на композицијата „СЕ НА СВОЕ МЕСТО“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудиозапис и видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје;
Категорија „ЅВЕЗДИ“:
1. РОБЕРТИНО САЗДОВ (КУКУ ЛЕЛЕ)
2. МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ
Член 2
Работоводниот орган на Јавното Радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА врз основа на оваа Одлука, а согласно член 21 од Законот за подршка на домашна музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013) ќе склучи поединечен договор со изведувачите, односно со еден од авторите на композициите за композиции од категоријата „детски композиции“ кои се избрани во вториот квартален конкурс во 2014 година.
Член 3
Одлуката веднаш по донесувањето да се објави на Веб страницата на ЈРП Македонска РадиоТелевизија Скопје.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Врз основа на член 3 од Законот за подршка на домашна музичка продукција, а со цел потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, ЈРП Македонска Радиотелевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година ќе финансира создавање на 200 нови композиции.
Со Решениеброј 02-569/5 од 11.04.2014 година , Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје утврди Листа од која се избираат членови на Комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции, а согласно Законот за подршка на домашна музичка продукција.
Врз основа на член 16 од Законот по случаен избор (лотариски систем) се изврши избор од Листата на членови и со Одлука бр.02-5159/2 од 16.07.2014 година Работоводниот орган на ЈРП МРТ ја формира Комисијата за избор по конкурс која ќе учествува во постапка за одлучување по конкурс објавен во месецаприл 2014 година, а согласно Законот за подршка на домашната музичка продукција.
Комисијата во состав Радица Митиќ, Ристо Апостолов, Методија Автовски, Томислав Таневски, Тоде Спасовски, Никола Фириев и Благоја Здравковски, ја започнаа својата работа во рок од два часа по извршениот избор.
Комисијата констатира дека на конкурсот аплицираа вкупно 113 композиции во повеќе категории.
По преслушувањето на композициите и разгледувањето на пријавите со потребните документи комисијата доставиИзвештај бр.02-5159/3 од 30.07.2014 годинаи измена и дополнување на извештајот бр.02-5159/5од 01.08.2014 до Работоводниот орган на ЈРП МРТ со предлог на изведувачи, односно композиции кои ги исполниле условите согласно Законот за подршка на домашната музичка продукција по барањата доставени на конкурсот, односно кои изведувачи и композиции се прифатени на конкурсот.
Согласно Извештајот, Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје во законски утврдениот рок од три дена сметаноодденотнадоставувањенаИзвештајотодлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
Работоводен орган на ЈРП МРТ Скопје