Најтешка состојбата на Покровск
Украинскиот претседател вели дека Покровск останува најкомплицираниот дел од фронтот. Потврди дека Украина продолжува да добива воена помош од САД, но намалувањето на залихите би можело да има тешко влијание врз одбранбените способности...

Русија и Украина разменија по 150 воени заробеници. Украинскиот претседател вели дека Покровск останува најкомплицираниот дел од фронтот. Потврди дека Украина продолжува да добива воена помош од САД, но намалувањето на залихите би можело да има тешко влијание врз одбранбените способности. Зеленски потенцира дека присуството на европските трупи нема да биде доволно за да се спречи нова руска инвазија.
„Европејците не се доволни. Ова не е само прашање на бројки, туку се работи за споделување одговорност и обезбедување безбедносни гаранции. Ова не може да се направи без Соединетите Американски Држави. Тоа би била голема грешка. Тоа би било предност за Русија. Верувам дека геополитички и стратешки тоа би можело да биде нивна победа. Затоа, тоа не смее да се случи“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Гувернерот на регионот Курск на средбата со рускиот претседател Путин побара дополнителни средства за обновување на инфраструктурата во граничната област и покрај тековните воени дејствија. Украина изврши контраофанзива во Курск во Август 2024 во обид да го одвлече вниманието на силите на Москва во источна Украина.
