ФРАНЦИЈА

Француската влада преживеја гласање недоверба

06.02.2025 08:27

ЗА гласаа 128 пратеници од вкупно 577, што е далеку помалку од неопходното мнозинство од 289 пратеници. Франција е погодена од политичка нестабилност по вонредните избори во јуни во 2024 година...

Француската влада на премиерот Франсоа Бајру го преживеа гласањето за недоверба побарано од партијата на радикалната левица „Непокорена Франција“. ЗА гласаа 128 пратеници од вкупно 577, што е далеку помалку од неопходното мнозинство од 289 пратеници. Франција е погодена од политичка нестабилност по вонредните избори во јуни во 2024 година.

По нив, ниту една партија не успеа да освои парламентарно мнозинство, а несогласувањата околу буџетот се одразија и на пазарите и по само три месеци падна владата на Мишел Барние, претходникот на Бајру.