Аргентина ја напушта Светската здравствена организација
Од аргентинската влада изјавија дека имаат длабоки несогласувања со СЗО во врска со реакцијата на пандемијата на коронавирусот...

По примерот на САД, и Аргентина ја напушта Светската здравствена организација.
„Треба да се разјасни дека Аргентина не добива средства од СЗО за здравствен менаџмент. Затоа, оваа мерка не претставува загуба на средства, ниту влијае на квалитетот на услугите. Напротив, тоа и дава на земјата поголема флексибилност за спроведување на политики приспособени на интересите на Аргентина како и поголема достапност на ресурси и го потврдува нашиот пат кон земја со суверенитет и во однос на здравјето“, изјави Мануел Адорни, портпарол на владата во Аргентина.
Од аргентинската влада изјавија дека имаат длабоки несогласувања со СЗО во врска со реакцијата на пандемијата на коронавирусот.
