УХМР

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

06.02.2025 08:45

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка...

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Попова Шапка, Крушево, Прилеп, Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Виница, -2 во Охрид, -1 во Кавадарци, 0 во Велес и 4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.