Грција

Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини

06.02.2025 09:40

Во периодот од 1 часот по полноќ до 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени...

Во периодот од 1 часот по полноќ до 9 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос беа регистрирани 22 земјотреси со јачина од над четири степени

Континуираните потреси на Санторини го менуваат островот. Популарната Црвена плажа е недостапна за туристите поради одрони. До неа може да се стаса единствено по море.

Повеќе од 1.000 земјотреси што изминатите денови го погодија островот принудија илјадници луѓе да го напуштат познатиот туристички рај.

Од понеделникот, затворени се училиштата на Санторини и на соседните острови.