кабинет
Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Свечената академија по повод 80 години настава на современ македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола
06.02.2025 11:06
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на Свечената академија што по повод 80 години настава на современ македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, 6 февруари 2025 година, четврток, ќе се обрати на Свечената академија што по повод 80 години настава на современ македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола.
Свечената академија ќе се одржи во Центарот за култура – Битола, со почеток во 19:00 часот, соопштија од претседателскиот кабинет.
