Цените во Европа паѓаат
Производните цени на индустриските производи во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,4 отсто во декември во споредба со претходниот месец кога пораснаа за 1,7 отсто во двете области, пресметаа статистичарите.

Цените на производите во европската индустрија се намалија во декември, покажа извештајот на Европскиот завод за статистика.
Производните цени на индустриските производи во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,4 отсто во декември во споредба со претходниот месец кога пораснаа за 1,7 отсто во двете области, пресметаа статистичарите.
Најмногу пораснаа цените во енергетскиот сектор и во еврозоната и во ЕУ, за 1,4, односно 1,3 отсто. Растот е забавен во однос на ноември, кога во двете области се зголемени за 5,6 отсто. Во повеќето други сектори тие беа речиси непроменети во однос на ноември.
Секторите трајни производи за широка потрошувачка и интермедијарни производи во еврозоната забележаа промена на трендот, со благ пораст на цените. Кога е исклучен енергетскиот сектор, цените во двете области останаа на нивото од претходниот месец, утврди Евростат.
На годишна основа, продажните цени на производителите на индустриски производи во еврозоната беа стабилни во декември, покажаа пресметките на Европскиот завод за статистика. На ниво на ЕУ, тие исто така се задржаа повеќе или помалку на нивото од крајот на 2023 година, по падот од еден отсто во претходниот месец, според ревидираните податоци.
