УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции
Како што е наведено, основниот персонал кој се очекува да продолжи со работа ќе биде известен од раководството на Агенцијата до четврток, 6 февруари, во 15 часот по локално време.

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) објави дека в петок, 7 февруари во 23:59 часот, сите вработени директно ангажирани во Агенцијата ќе бидат ставени на административно отсуство ширум светот, со исклучок на одреден персонал одговорен за клучните функции, клучните лидери и конкретно одредени програми.
Како што е наведено, основниот персонал кој се очекува да продолжи со работа ќе биде известен од раководството на Агенцијата до четврток, 6 февруари, во 15 часот по локално време.
За персоналот на УСАИД кој моментално е распореден надвор од САД, Агенцијата, во координација со мисиите и Стејт департментот, во моментов подготвува план, во согласност со сите важечки барања и закони, според кој Агенцијата ќе организира и плати за повратното патување во САД во рок од 30 дена и ќе обезбеди раскинување на договорите за кои не е утврдено дека се суштински.
Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Функционирањето на агенцијата е доведено во прашање откако администрацијата на Трамп објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали персоналот на агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.
