мвр
На бензинска пумпа во Куманово уапсен скопјанец кај кого бил пронајден пиштол
06.02.2025 15:47
Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“.
Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
