Култура

Дела од 80 наградени уметници на изложбата на „Остен“ во Чифте амам

06.02.2025 16:06

Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, ќе имаат своја завршница вечер во 19 часот во Националната галерија на Република Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и соработници на ОСТЕН..

Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, ќе имаат своја завршница вечер во 19 часот во Националната галерија на Република Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и соработници на ОСТЕН.

Изложбата ќе биде и вовед во одбележувањето на 80 години од постоењето на Остен (1945 – 2025).

Симболично, на изложбата ќе бидат изложени 80 наградени уметници и финалисти од повеќе од 40 земји. Повеќето од нив лично доаѓаат во Скопје за да ги примат наградите. Ќе бидат изложени дела од визуелните уметности – уметност на хартија, сликарство, објекти, инсталации, фотографии, видео и мултимедијална уметност.

Гран при за животно остварување доделена на италијанскиот уметник и теоретичар Микеланџело Пистолето, наградата „Светско културно наследство“ беше доделена на Вангел Наумовски, еден од најголемите македонски ликовни уметници. Во соработка со САВУ (Светската асоцијација на визуелни уметности) се доделени наградите: „Уметник на светот“ на Киро Урдин, „Рембрант“ за извонредност во уметноста на Жан Богосиан од Белгија, наградата „Балкански уметник“ на Данчо Ордев и многу други.

Меѓународното жири додели три први награди: за цртеж, графика, комбинирана техника на хартија на Павол Трубен од Словачка, за слика на платно, инсталација, објекти на K.С. Шриватшан од Индија и за фотографија, видео, мултимедија на Филип Јовески од Македонија.

„Остен“ основано во 1945 година како хумористично и сатирично списание од областа на уметноста, слободната мисла и слободното творештво. Преку Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж низ годините биле презентирани уметниците од светот.