Македонија

Ќе најдеме и за ова решение, вели Мицкоски по одлуката на Уставен за солидарниот данок

06.02.2025 12:21

Сега опозицијата нека излезе пред граѓаните и нека им објасни дека заради хирови на нивната Влада од џебот на граѓаните ќе се одлеат 50 милиони за солидарниот данок кој Уставниот суд го укина – коментира премиерот Мицкоски...

Сега опозицијата нека излезе пред граѓаните и нека им објасни дека заради хирови на нивната Влада од џебот на граѓаните ќе се одлеат 50 милиони за солидарниот данок кој Уставниот суд го укина – коментира премиерот Мицкоски. Ќе бараме решение, вели тој, најавувајќи дека ќе разговара со компаниите кои плаќале солидарен данок.

„Имаат право луѓето да си бараат затезна камата, имаат право на се, не е ова нешто коешто е чудно или не е вистинито. Судската одлука на Уставен суд е конечна, јас нема да ја коментирам. Со министерката за финансии разговарав за да направиме мапирање на тие компании, ќе пристапиме поединечно на сите нив една по една, и ќе најдеме решение, како и за сè друго што наоѓаме“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во однос на тоа дали некој ќе одговара за ова, Мицкоски порача дека и таа можност се разгледува.