НБРМ: Колекционерски монети за нумизматичарите од целиот свет

01.08.2014 16:41

Монетите се изработуваат од швајцарската компанија Коин Хаус, а заинтересирана е и една американска компанија. По 50 примероци се нарачани од монетите со зодијачки знаци. Од поголемите вкупно 19 од кои 10 веќе се продадени...

Народната банка почна со издавање на првите колекционерски монети кои ќе се нудат на нумизматичарите низ целиот свет. Монетите  се наменети за европскиот пазар. Првата монета е Свети  Кирил и Методиј изработена во сребро со златна посвета и чини 49 илјади денари.

„Првата монета Св. Кирил и Методиј е изработена од сребро со одредена позлата. Потоа започнавме со една серија на зодијачки знаци. Првите монети се Лавот и Девицата кои веќе се изработени и веќе се пристигнати и се нудат од денеска на продажба“, изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Според гувернерот Богов интересот за колекционерски монети на домашниот пазар допрва ќе се испитува. Македонија досега издаваше само јубилејни.

Монетите се изработуваат од швајцарската компанија Коин Хаус, а заинтересирана е и една американска компанија. По 50 примероци се нарачани од монетите со зодијачки знаци. Од поголемите вкупно 19 од кои 10 веќе се продадени.

Кованата пара Лав ќе чини 2.700 денари, а на аверсот е прикажана украсна композиција која претставува симбол на времето, сонцето, месечината и ѕвездите, кои го опкружуваат песочниот часовник.

Монетите за домашниот пазар ќе се продаваатво Народната банка, а доколку има интерес ќе се прошири дистрибутивната мрежа. 

 

Дијана Ценевска