Здравство

Два смртни случаи со грип, бројот на заразени расте

06.02.2025 15:33

Грипот ги зема првите жртви. Двајца починати, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Пациентите биле од Скопје и Свети Николе...

Грипот ги зема првите жртви. Двајца починати, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Пациентите биле од Скопје и Свети Николе. Едниот бил на возраст од 59 години, другиот 77, двајцата имале коморбидитети и не биле вакцинирани.

За една недела за 62% е зголемен бројот на новозаразени. Здравствените власти ја следат состојбата и велат дека ваквите бројки се очекувани, до достигнување на пикот.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години. Најмногу новозаболени има во Скопје, Кавадарци, Струмица, Куманово, Охрид, Битола, Штип. Досега безмалку 9.000 граѓани се заразиле со грип.

 

Наташа Јанчиќ – Менковски