Кривичен суд

Ново рочиште за двојното убиство, треба да биде сослушан сведокот Гоце Трајковски

07.02.2025 08:09

Се очекува да бидат изведени нови докази, а треба да биде сослушан и сведокот Гоце Трајковски, кој до неодамна беше во бегство...

Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. Се очекува да бидат изведени нови докази, а треба да биде сослушан и сведокот Гоце Трајковски, кој до неодамна беше во бегство.

На претходното, беа емитувани снимки од безбедносни камери за кои Обвинителството тврди дека се возилата кои се инволвирани во случајот.

Одбраната на Палевски приговараше на снимките, посочувајќи дека немаат доказна вредност и дека од записите обвинетите не може да се идентификуваат.