Сообраќај

Во Собранието јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот

07.02.2025 08:11

По смртта на 22-годишната Фросина која беше прегазена на булеварот „Партизанска“, се уклучи алармот кај институциите да се стави крај на дивеењето по улиците. И стручната фела сугерира систем за поголема безбедност...

Во законодавниот дом денеска ќе има јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот. Доаѓа по иницијатива на владејачкото мнозинство. По смртта на 22-годишната Фросина која беше прегазена на булеварот „Партизанска“, се уклучи алармот кај институциите да се стави крај на дивеењето по улиците. И стручната фела сугерира систем за поголема безбедност.

Покрај превенциите и пропишаните казни, треба да се работи и на подигнување на свеста кај луѓето за сообраќајна култура и почитување на правилата и прописите.