Временска прогноза

Сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност

07.02.2025 08:17

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 3 степени, а максимумот од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претпладне претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.