Премиерот Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес
Исто така во Општина Велес ќе се пушти во употреба и реконструираниот спортски терен. Вредноста на проектот е во висина од 23.998.148,70 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт. Вкупната површина е 1849 м2, односно плоштад 317 м2, фитнес терен 95 м2, спортско игралиште 1320 м2, игралиште за деца 96 м2 и пинг-понг маса 21 м2.

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1).
Објектот е со катност приземје и 5 ката, со 29 станбени единици и вкупно изградена површина од 1.843 м2.
Површината на становите е со површина од 39 м2 до 45 м2, а вкупната инвестиција на објектот изнесува 53.998.717,00 ден денари без ДДВ.
Исто така во Општина Велес ќе се пушти во употреба и реконструираниот спортски терен. Вредноста на проектот е во висина од 23.998.148,70 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт. Вкупната површина е 1849 м2, односно плоштад 317 м2, фитнес терен 95 м2, спортско игралиште 1320 м2, игралиште за деца 96 м2 и пинг-понг маса 21 м2.
Како што најавија од владината прес-служба, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски по доделување на клучевите од новата зграда за социјално ранливи семејства.
