Нов бојкот на маркетите
Владата го разбира револтот на граѓаните поради високите цени и бојкотот на маркетите. Очекува преку дијалог меѓу производителите, дистрибутерите, маркетите и потрошувачите да се најде решение.

За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти. Сојузот на синдикати и Организацијата на потрошувачи поддржуваат нов бојкот на маркетите со цел да се даде сигнал на трговците дека населението има моќ и може да придонесе да се намали профитот. Според Синдикатот, бојкот треба да има секој ден за да се реши овој проблем на подолг рок.
Владата го разбира револтот на граѓаните поради високите цени и бојкотот на маркетите. Очекува преку дијалог меѓу производителите, дистрибутерите, маркетите и потрошувачите да се најде решение.
До крајот на неделата треба да завршат и шестмесечните контроли на Пазарниот инспекторат со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците по што Инспекторатот треба да излезе во јавноста со податоци.
