САД
Трамп потпиша извршна наредба за санкции на Меѓународниот кривичен суд
07.02.2025 08:36
Во соопштението од Белата Куќа се наведува дека Вашингтон очекува сојузниците да се спротивстават на какви било активности на судот во Хаг...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за преземање незаконски и неосновани дејствија против Америка и Израел. Во соопштението од Белата Куќа се наведува дека Вашингтон очекува сојузниците да се спротивстават на какви било активности на судот во Хаг.
Ова е втор пат МКС да се соочи со американски санкции. САД, Кина, Русија и Израел не се членови на овој суд.
