БЛИСКИ ИСТОК
Планот на Трамп за Газа ја разбранува јавноста
07.02.2025 08:45
Државниот секретар Рубио вели дека земјите кои го критикуваат планот на Трамп треба да отстапат и да најдат решение...

Светот и натаму го разбранува предлогот на Трамп за преселба на Палестинците и управување на Газа од страна на САД.
„Имав историска средба со претседателот Трамп, што беше голема пресвртница за иднината на Израел. На оваа средба тој ја изнесе и својата идеја за Газа, за денот по Хамас. Мислам дека вреди добро да се слушне првата оригинална идеја што се покренува по години“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Државниот секретар Рубио вели дека земјите кои го критикуваат планот на Трамп треба да отстапат и да најдат решение.
