Македонија
Дојави за бомби во повеќе училишта, екипи на МВР вршат проверки
07.02.2025 08:51
Екипи на МВР се на терен. Веќе во дел од училиштата биле направени проверки, а учениците се вратени на настава.

Ученици од неколку основи училишта во повеќе скопски општини утрово се евакуирани откако добиле дојава за поставени бомби.
Екипи на МВР се на терен. Веќе во дел од училиштата биле направени проверки, а учениците се вратени на настава.
Се очекуваат подетални информации од МВР.
Во 2022-ра година безмалку еден месец имаше дојави за поставени бомби во повеќе основни и средни училишта во земјава.
