Рубио: Апсурдно е САД да плаќаат такси за транзит низ Панамскиот Канал
Претседателот Трамп претходно рече дека САД одново ќе ја вратат контролата врз Панамскиот Канал, обвинувајќи дека земјата ги прекршила договорите за неутралност, а американскиот транспорт не се третира фер...

Државниот секретар на САД вели дека е апсурдно да плаќаат давачки за транзит низ Панамскиот Канал, зона што се обврзани да ја заштитат во случај на конфликт. Изјавата следува откако претседателот на Панама, Мулино ги негираше тврдењата на Стејт Департментот дека е постигнат договор за бесплатен транзит на американските воени бродови низ преминот.
„Имавме разговори и имаме очекувања што ги разјаснивме во тие разговори. Многу го почитувам тоа што Панама има свои процедури. Тие се демократски избрана влада, имаат правила, закони. Но нашите очекувања остануваат исти. Сметам дека е апсурдно што треба да плаќаме такси за транзит во зоната што сме обврзани да ја заштитиме во време на конфликт“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
Претседателот Трамп претходно рече дека САД одново ќе ја вратат контролата врз Панамскиот Канал, обвинувајќи дека земјата ги прекршила договорите за неутралност, а американскиот транспорт не се третира фер.
