КОНГО

Гутереш упати апел за мир во Конго

07.02.2025 18:13

Генералниот секретар на ООН, Гутереш упати апел за мир во Конго откако бунтовниците поддржани од Руанда прогласија едностран прекин на огнот по заземањето на Гома. Владата на Конго негира дека уличните борби запреле.

„Сакам да упатам посебен апел за мир. Илјадници луѓе се убиени, вклучувајќи жени и деца. Стотици илјади беа принудени да ги напуштат домовите во источниот дел на демократска република Конго. Хуманитарната ситуација во и околу Гома е опасна, стотици илјади луѓе се во движење. Во меѓувреме, конфликтот продолжува да беснее во Јужен Киву и постои ризик да го зафати целиот регион“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации.

Пред да биде заземен од бунтовниците, Гома беше критичен регион каде беа сместени повеќе од 6 милиони луѓе раселени поради конфликтите во регионот.