ГРЦИЈА

Вонредна состојба на Санторини

07.02.2025 09:01

Според грчките медиуми, од 26-ти јануари досега се регистрирани 7.700 земјотреси во областа меѓу Санторини и островот Аморгос...

Прогласена вонредна состојба на Санторини до 3-ти март по зголемената сеизмичка активност. Според грчките медиуми, од 26-ти јануари досега се регистрирани 7.700 земјотреси во областа меѓу Санторини и островот Аморгос.

Властите презедоа мерки на претпазливост и се подготвуваат во случај да има поголем потрес.